16.02.2024

📌Во текот на вчерашниот ден во соработка со Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС учениците од 2¹, 2², 2³ и 2⁶ одделение реализираа работилница на темата „Дрвото на интегритетот“.🌳🌼

🌿 Работилницата е дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ чија цел е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата.

👉 Идејата на оваа активност е преку реализизација на интерактивен час со учениците, преку цртежи и игра – да им се приближат поимите на интегритет, како што се: чесност, вистинитост, правичност, еднаквост и сл. #integrity #integritymatters #IntegrityFirst

🤝 Благодарност до одговорниот тим за успешната реализација и уште поголема благодарност за иницијативата и прекрасната соработка со родителката од нашето училиште, која безрезервно се вклучи во организацијата и реализацијата на работилницата.❣️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com