19.05.2023

❣️ Еразмус проект ,,ЖИВОТОТ Е ОБОЕН СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ“

👉 Од 23-29 април се реализираше мобилност на ученици и наставници од нашето училиште како партнер училиште со земјите – партнер училишта Турција, Романија, Литванија и Италија . Домаќин училиште беше Istanbul Nef Primary School 🍀

📌Првиот ден имаше претставување на Тимовите-учесници на мобилноста преку видео бим и свечена приредба од страна на училиштето-домаќин.

🔛 Во текот на мобилноста учениците посетија неколку различни одделенија каде имаа можност да видат каде и како се одвива наставата во тоа училиште. Реализираа игровни активности и креирање на игровна мапа, правеа оригами, креираа игри и многу други забавни и едукативни активности. Беше реализирана и културна тура, организирана од домаќините со цел запознавање со убавините и културните обележја на градот Истанбул и нивната земја, Турција – учесниците на мобилноста го посетија старото градче Балат, карактеристично со разнобојните фасади на куќите, кулата Галата, музејот на играчките и имаа двочасовна тура со брод на Босфор. Се запознаа со историјата на Аја Софија и Сината Џамија и се прошетаа во познатата Капали чаршија 🧿🇹🇷💫

👏Последниот ден на сите учесници им беа доделени Сертификати за учество во мобилноста, која се заокружи повторно со игра – во училишниот двор ја изиграа детската игра ,,Уфо“ ✨️Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com