17.10.2023

🥨🍎🍍Во рамки на проектот, насловен како – “Ситни ама битни: Нов пристап кон обука за безбедност на храна”, студентите од Катедрата за микробиологија и микробна биотехнологија, при Институтот за Биологија, ПМФ- Скопје, под менторство на проф. д-р Наталија Атанасова-Панчевска реализираа едукативни предавања за нашите ученици 👨‍🏫🧑‍🎓👩‍🎓

📍Активностите на проектот се состојат од: 1. Евалуација на ставовите на потрошувачите за безбедност на храна преку прашалници, 2. Едукативни предавања за „корисни“ и „штетни“ микроорганизми, 3. Реализирање на експерименти, 4. Изработка на иновативни, едукативни материјали кои ќе им помогнат на наставниците во наставниот процес 📖

🎯 Главната цел на проектот е преку иновативни, едукативни методи да се информираат младите потрошувачи за хигиената и безбедноста на храната.

👏 Честитки за иницијативата на Институтот, но и на нашите колеги Владимир Таневски и Сања Станисавовска – одговорни наставници за спроведување на проектот во нашето училиште #heltyfood

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com