04.04.2023

📌 Во рамките на воннаставните активности по предметот Граѓанско образование во нашето училиште се одржа ученичка дебата, на тема “Улогата на жената во современото општество”💐

👉 На дебатата учествуваа ученици од 6то до 9то одделение, а присуствуваа и наставничките по граѓанско образование и македонски јазик, како и стручните соработници.

Во пријатна атмосфера, низ спонтан разговор, нашите ученици ни покажаа дека умеат правилно да дебатираат и да искажат почит и внимание кон мислењето на другите за темата и да се сослушуваат.

🔛 Слободно ги споделија своите гледишта и размисли кои се однесуваат на еднаквоста на правата помеѓу мажите и жените, семејното насилство, многустраната улога на жената во модерното општество – мајка, сопруга, домаќинка, работник, научник, спортист, уметник, инспирација.

✨️ Беше задоволство да се искуси вистинска аргументирана дебата меѓу децата, при што од нивните искажувања може да се види дека тие правилно созреваат и развиваат критичка мисла, дека градат свои ставови и принципи кои не се оптоварени со стереотипи и предрасуди кон местото и улогата на жената во граѓанското општество и дека усвојуваат добри вредности на личноста🔝

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com