08.03.2024

🌸 И оваа година, на 7ми март, во рамките на воннаставните активности по предметот Граѓанско образование, а по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми Март, во нашето училиште се одржа ученичка дебата, на тема “Улогата на жената во современото граѓанско општество” #8миМарт

🦋 На дебатата учествуваа ученици од 8️⃣ и 9️⃣ одделение, а модератор беше наставничката по граѓанско образование, Даниела Гаштаровска❣️

🌼 Низ спонтан разговор и во пријатна атмосфера, нашите ученици покажаа дека умеат правилно да дебатираат и да искажат почит и внимание кон мислењето на другите за темата и да се сослушуваат. Слободно ги споделија своите гледишта и размисли кои се однесуваат на еднаквоста на правата помеѓу мажите и жените, многустраната улога на жената во модерното општество како мајка, сопруга, домаќинка, работник, научник, спортист, уметник, инспирација. Од нивните искажувања може да се види дека тие правилно созреваат и развиваат критичка мисла, дека градат свои ставови и принципи кои не се оптоварени со стереотипи и предрасуди кон местото и улогата на жената во граѓанското општество и дека усвојуваат добри вредности на личноста #womansday2024

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com