28.04.2023

📌 Учениците од четврто одделение проследија виртуелна обиколка на Собранието на РСМ, преку која се запознаа со функционирањето на Собранието, како носител на законодавната власт во нашата држава http://vtour.sobranie.mk/

📍 Во првата тура беа учениците од 4¹ и 4² одделение, заедно со своите наставнички, а во попладневната учениците и наставничките од 4³ и 4⁵ одделение, при што на интересен начин реализираа активност по предметот Историја и општество 🇲🇰

👉 Виртуелната посета на Собранието е изработена со цел да ги сподели сите детали за објектот, од неговата изградба, преку креирањето на сите простории, нивното значење и сите останати активности во Собранието – со што се запознаа и нашите ученици

#zoommeeting#virtualtour

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com