06.12.2023

📌 Во рамки на проектот “Коледе – Бадник” учениците од Активот на трето одделение – целодневна настава, беа во посета на Музеј на Република Северна Македонија❣️#etnologia#museum

👉 На воведниот ден тие се запознаа со едукаторите, научија што е тоа музеј, која е неговата улога и како да се однесуваат во него, го запознаа просторот во кој заедно со едукаторите од Центар за музејска едукација ќе реализираат вкупно 7 работилници.

🎯Целта е преку овие работилници учениците да се запознаат со етнологијата како наука, да научат за традицијата и обичаите поврзани со Коледе и Бадник, но и да истражат во рамки на своето семејство, преку разговори со повозрасните членови, што се е потребно за да се биде подготвен за достојно одбележување на празниците #traditions #familyholiday

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com