07.12.2023

👉 На часот по наставниот предмет Историја и општество, учениците од 4⁶ одд., заедно со дел од учениците од 4⁵ и 4² одд., под раководство на наставничката Елизабета Славковска реализираа проектна активност за културно-историското наследство во нашата земја 🇲🇰

💫Учениците поделени во групи истражуваа, се запознаа и ги продлабочија знаењата за културно-историските споменици, стари градби и објекти, уметнички дела и стари предмети, обичаи, преданија и верски празници како и за народните песни и ора, народни инструменти, народни носии и занаети #tradition

❣️Наученото со слики, фотографии, текстови и песни го дизајнираа на хамер и истото го презентираа .

Покажаа како е да се работи тимски, каде доаѓа до израз заедништвото, меѓусебното помагање и меѓуодделенската соработка 💕#TogetherWeGrow#collaboration#friendship#culture#historymatters💕

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com