👉Со цел да ги прошириме нашите знаења за хемијата како наука, но и да напредуваме паралелно со развојот на современата технологија, во организација на наставничката по хемија, Љупка Симоска ги поканивме професорите од Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје да дојдат на посета во ООУ „Љубен Лапе “ и да ни ги пренесат знаењата од современата лабораторија💫

📌Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со изгледот и функцијата на една современа лабораторија, со лабораторискиот инвентар и мерките на претпазливост во хемиска лабораторија, да се стекнат со нови проширени знаења и практични експерименти на различни теми по природните науки🎯

🍀 Голема благодарност до Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје и до сите професори што ни ја овозможија оваа едукација, од која научивме многу повеќе од редовните наставни содржини и го збогативме нашето знаење со многу новитети. ↔️Предавањата и практичните активности беа одржани на следниве теми од професорите:

Доц. д-р Мишела Темков “Технологија за производство на фондан”

Проф. д-р Бети Андоновиќ “Математика и наноматеријали”

Бојан Атковски “Екперименти од општа хемија”

Вонр. проф. д-р Бошко Бошковски “Технологија и хемија”

✔️Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи понатаму и во иднина и дека редовно ќе ги надградуваме знаењата и со идните наши генерации❣️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

ljuben_lape@yahoo.com