07.12.2022
Првиот Словен кој станал епископ, татко на Кирилицата, основач на прв словенски Универзитет, најучена личност во македонската култура, величествен моралист – Свети Климент Охридски
Свети Климент живеел на преминот од деветтиот во десеттиот век, роден е околу 840, а починал 916 година. Тој е патрон на Македонската православна црква и заштитник на сиот македонски народ. Денешниов ден за нас е голем празник – достојно да го прославиме споменот на Свети Климент Охридски Чудотворец
Учениците од 8мо одделение по предметот “Нашата татковина” како и учениците од Литературната секција твореа на оваа тема со што уште еднаш ќе ја покажеме благодарноста кон ликот и делото на Великанот кој не задолжи сите нас, нашите предци и идните поколенија