20.12.2022

Признанија за најдобрите просветни работници во Аеродром

📜 Градоначалникот Тимчо Муцунски додели пофалници за најдобрите просветни работници во Општина Аеродром. Станува збор за признание што традиционално ќе се доделува секоја година за вработените во основните училишта што постигнале значителни резултати во своето работење.

👩‍🏫 Изборот на најдобрите просветни работници го направи комисија составена од вработени во општината и претставници на основните училишта. За најдобар одделенски наставник е избрана Светлана Јосифоска од „Лазо Ангеловски“, најдобар предметен наставник е Јасминка Костадиновска, наставник по англиски јазик во „Љубен Лапе“, а најдобар стручен соработник е Татјана Трајковска, педагог во „Димитар Македонски“.

🫶 Градоначалникот Муцунски им се заблагодари за придонесот што тие го даваат тие во образовниот процес и во едукацијата на учениците.

🗣 „Како човек кој е дел од образованиот систем, свесен сум дека да се биде просветен работник во време во кое секојдневно се соочуваме со сериозни образовни предвизвици е голема обврска, но и улога со која треба да бидете навистина горди. Просветните работници и сите вработени во училиштата се оние што секојдневно и макотрпно ги градат идните генерации на Аеродром. Денешните признанија се мал гест, но јас како градоначалник и целиот тим на Општина Аеродром сме благодарни за улогата што вие ја имате во општеството и придонесот што вие го давате во градењето на квалитетен образовен процес“, истакна Муцунски при доделувањето на признанијата.

📚 Општина Аеродром во иднина ќе продолжи да инвестира во инфраструктура и помагала со кои ќе се подигне квалитетот на образовниот процес. Образованието и младите се во фокусот на работата на локалната самоуправа и преку низа политики и мерки ќе продолжиме да ги наградуваме и да ги мотивираме квалитетните наставници, воспитувачи и ученици.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

ljuben_lape@yahoo.com