SySTEM of Waters

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

,, SySTEM OF WATERS”

КА 229 Еразмус + e ,, СиСТЕМ на води “ каде координатор е Велика Британија е исто така во рок од 24 месеци. Во овој проект покрај нашето училиште други партнер училишта има од Италија, Унгарија и Турција.

Во изминатиот период се одржаа само 2 состанока но како резултат на БРЕГЗИТ односно напуштањето на Велика Британија од заедницата на Европската Унија настана застој во реализација на самиот проект, со што се дава можност за пролонгирање на време траењето од 12 месеци.

Освен запознавање на координаторите на училиштата и креирање на Новогодишни и Божиќни честитки од страна на учениците што беа испратени по пошта други активности не се реализирани.

Во текот на второто полугодие беше одржан само еден состанок со координаторите од земјите учеснички на 15 февруари 2021 година на која начелно беа дадени насоки за следни активности на проектот.

Еразмус + проект од КА 229 со наслов ,, СиСТЕМ на води “ е уште еден проект каде нашето училиште ,,Љубен Лапе “ е партнер училиште а координатор е училиштето ,, Thomas Becket Catholic School од Велика Британија, а други партнер училиште се ,, Istituto Comprensivo San Giovanni Bosco од Италија, училиштето ,,M. Adnan Özçelik Ortaokulu од  Турција и училиштето ,, Hajdúböszörményi Eötvös József Magyar-Angol Két Tanítási Nyelvu Általános Iskola és Alapfokú Muvészeti Iskola” од Унгарија .

Овој проект е предвиден да трае 24 месеци и планирани се 5 мобилности.

Цели на проектот се;

  • Учениците да се здобијат со знаење за проблемите со водата со што треба да се развиваат доживотни одржливи вредности, справување со бариерите за побарувачка и потрошувачка на вода, и на бидат информирани за водите
  • Да се подигне свеста за одржливоста на водата, свесно користење на расположливите ресурси, заштеда на вода, спречување на загадувањето на водата и важноста на водата за живите суштества
  • Наставниците да се стекнат со компетенции за настава за вода како и СТЕМ вештини од 21 век
  • Зголемување на наставниот капацитет на нашите институции во однос на подигање на квалификувани граѓани кои можат да произведат решенија за потребите на вода

Да се развијат нови соработки со засегнатите страни и партнери во иднина и да се разменат искуства