YOU HAVE NO RIGHT TO BULLY ME

https://youhavenorighttobullyme.wordpress.com/
Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

„YOU HAVE NO RIGHT TO BULLY ME“

Во однос на проектот „КА 229 – You have No right to Bully me“,- Немаш право да ми вршиш булинг” каде нашето училиште учествува како партнер училиште заедно со средни училишта од Полска – координатор на проектот, Италија, Турција и Романија реализиравме неколку активности.

Овој проект се очекува да трае минимум 24 месеци. Цели на овој проект се:

– да се подигне свеста за проблемот со сајбер булинг

– да се подигнесвеста на учениците за безбедна употреба на интернетот

– да се создаде училишна клима каде учениците се чуствуваат безбедни

Додека дел од очекуваните резултати се:

– Учениците ќе развијат свесност дека секој индивидуално е одговорен за тоа што објавува на социјалните мрежи

– учениците ќе развијат социјални врски со своите соученици без меѓуврсничко насилство како на интернет така и во училишната средина

– учениците ќе бидат свесни за фактот дека нивните наставници и родители се тука за нив

Прво беше спроведена анкета за учество на наставници од нашето училиште. Наставници кои учествуваат во овој проект се – Марјана Панчевска, Јасминка Костадиновска, Светланка Арсеновска Филип Ристески и Дејан Дамјановски. Исто така беше спроведена анкета за пријавување на ученици кои сакаат да учествуваат во овој проект.

Состаноци со координаторите на училиште се одржуваа редовно според закажан редослед од страна на координатор земјата Полска.

Наставниците се вклучени во е-Tвининг проектот кој е поврзан со самиот Еразмус проект и каде се спроведуваат активностите.

Ученици од 8 и 9 одделение беа вклучени во проектот и редовно се одржуваа состаноци во тимот  Еразмус ученици на платформата Teams. Според напатствијата изработени се 2 предлог логоа на проектот, видео презентација на училиштето и град Скопје. Се спроведе гласање за лого на проектот и беа креирани електронски честитки за Божиќ и Нова година и истотака изработени се честитки од страна на учениците и испратени по пошта на адреса на училиштата учесници во проектот.

Во наредниот период според упатства за активности од Координатор на овој проект  Полска беа реализирани следниве активности:

 

Согласно планираните активности во рамките на проектот за месец февруари беше планирана првата онлај средба помеѓу учесниците од партнер земјите – Полска – координарот , Турција, С.Македонија, Романија и Италија заедно со учениците и наставниците.

Средбата се одржа на платформата TEAMS на 25 февруари 2021 година од 10;00 до 12:00 часот

На состанокот учествуваа директорот на нашето училиште Марјана Панчевска,  и наставниците Јасминка Костадиновска, Бранкица Јованова, како и учениците – Јована Димитрова , Лара Колевска и Ања Ѓорѓиовска од 8-2 одделение, Ива Спасовска 9-2 одделение и Ања Костадиновска 7-5 одделение.

На почетокот на состанокот прво се претставија наставниците на проект земјите , потоа следеше претставување на учениците .

Учениците од секоја земја имаа подготвено прешања за запознавање на своите другарчиња од другите земји и одговараа на прашања поставени од нив.

Работен јазик беше англиски јазик.

Во вториот дел учениците беа поделени  во неколку групи и работеа во посебни ,,соби,, во тимови во Теамс. Секоја група имаше задача да истражува и да пронајде одговори на различни прашања поврзани со безбедноста на користење на интернет и можни предизвици и форми на сајбербулинг.

На крај секоја група даде извештај од нивното истражување и заклучок.

Сите ученици активно учествуваа и ова претставува едно ново и интересно искуство на работа во вакви проекти.

 

Во склоп на училишните активности беше спреоведна и работилница со Црвениот крст – Кисела Вода и инспектор од МВР – ,, И зборовите можат да повредат”

Исто така беше отворена фан страна на Fаcebook и Instagram на кои редовно се прикачуваа активностите спроведени во рамки на прокетот.

Наставниците ги реализираа и тековно ги ажурираа активностите на проектот со ист наслов на  е-Твининг платформата која за време на онлајн активностите беше примарно место каде се одвиваа активностите и разменувањето на искуства помеѓу наставниците и учениците.

На состанокот на координаторите на земјите учеснички одржан на 7 јуни 2021 година, беа договорени активности за следниот период.

Изработени се брошури и банер како рекламен материјал за проектот. Исто така беше изработено и пано на кое што беа изложени активностите сработени од страна на учениците учесници во проектот.

Одобрениот проект Немаш право да ми вршиш Булинг  – YOU HAVE NO RIGHT TO BULLY ME “  ќе се рализира во периодот од октомври 2020 до септември 2022 година. Училиште-координатор на проектот е “Liceum Ogolnoksztalcace im.Mikolaja Kopernika w Ilzy од Полска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Љубен Лапе“ се училиштата  “Nazilli Anadolu Lisesi” од Турција,

Colegiul National ,,Mihai Viteazul” од Романија и Liceo Classico Statale “G.M. Dettori Cagliari од Италија.

Главни цели на проектот се

  • Да се подигне свеста за интернет-малтретирање во училиштето
  • Да се подигне свеста на учениците за безбедно користење на интернет
  • Да се создаде училишна клима каде учениците ќе можат да се чуствуваат безбедно
  • Да се овозможи на учениците да имаат здрави социјални вештини за да се спречи наклонетоста кон компјутерско малтретирање – сајбер булинг
  • Да ги подобриме чуствата на емпатија кај нашите ученици
  • Да се создаде концепт на дигитален граѓанин
  • Да им се обезбеди неопходна психолошка поддршка на нашите ученици кои биле жртви на онлајн насилство

Очекувани резултати

  • Учениците да ја подигнат свеста дека секоја индивудуа е одговорна за она што го споделува на социјалните мрежи
  • Учениците же развијат социјални односи со своите врсници без малтретирање и на интернет и во училиште
  • Учениците ќе бидат свесни за фактот дека неговите/нејизните наставници и нивните родители ќе обезбедат потребната поддршка во случај на изложеност на сајбербулинг.