LIFE IS COLORED WITH NEW INFORMATION

 

***Оглас за избор на ученици за мобилност 2022 во ЕРАЗМУС ПРОЕКТИТЕ КА 229***

 

 ,,LIFE IS COLORED WITH NEW INFORMATION“

 

На почетокот на оваа учебна година 2021/2022 тимот на наставници со  директорката редовно одржуваа состаноци, каде се кооординира работата на сите 4 проекти.

Креирана е група на Еразмус ученици кои учествуваат во два КА229 проекти и работа на Етвининг проектите поврзани со КА 229.

“LIFE IS COLORED WITH NEW INFORMATION”

Во нашето училиште се реализира и Еразмус проектот од КА 229  – Животот е обоен со нови информации – „The Life is colored with New Information“ со наставници и ученици од 1 – 5 одделение. Целта на овој проект е развивање на социо-емоционални вештини на учење кај ученици од 6 – 12   години.  Координатор земја е Турција, а останати земји кои се вклучени се Романија, Италија и Литванија како и нашата земја. Времетраењето на проектот е 24 месеци, планирани се 5 мобилности.

Со почетокот на учебната 2021/2022 година, започнаа и активностите во рамки на проектот според предвидените активности за тековниот период, како во училница со ученици така и со активностите на етвининг платформата на проектот со ист наслов.

Во месеците октомври, ноември и декември 2021 се одржаа состаноци на координаторите на училиштата од земјите партнери, на кои редовно учествува и координаторот на нашето училиште Јасминка Костадиновска. Наставници кои учествуваат во проектните активности се Светлана Здравеска, Тања Атанасова, Марина Спасовска, Светланка Арсеновска, а од оваа учебна година се пријавија и Ирена Ангелкоска Панова и Јулијана Вељовска. Во текот на првото полугодие беа реализирани неколку активности и тоа –

– изработка на цртежи со есенски мотиви од природни материјали

– изложба на изработки во училишниот хол во Еразмус катчето,

– учество во Еразмус денови во училиштето

– драматизација на бајка,

 

Во декември учениците изработуваа новогодишни и божиќни честитки, картички, кои  беа испратени по пошта до останатите партнери во проектот.

Сите активности се реализираат навремено според упатствата на координаторот на проектот.

 

За работата на етвининг проектот со Национална ознака за квалитет за работа на проектот се здобија наставничките

  • Јасминка Костадиновска
  • Тања Атанасова
  • Светлана Здравевска
  • Марина Спасовска

Исто така на 28.10.2021 година овие наставнички се здобија со Европска ознака за квалитет за работа на проектот.

 


Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки
партнерства за училишна размена

Во нашето училиште се реализира и Еразмус проектот од КА 229  – Животот е обоен со нови информации – „The Life is colored with New Information“ со наставници и ученици од 1 – 5 одделение. Целта на овој проект е развивање на социо-емоционални вештини на учење кај ученици од 6 – 12   години.  Координатор земја е Турција, а останати земји кои се вклучени се Романија, Италија и Литванија како и нашата земја. Времетраењето на проектот е 24 месеци, планирани се 5 мобилности. Во поделбата на активностите со кои започна проектот нашето училиште има за задача водење и тековно ажурирање на проектот со ист наслов на  Е –твининг платформата која за време на онлајн активностите беше примарно место каде се одвиваа активностите и разменувањето на искуства помеѓу наставниците и учениците. Во месеците октомври, ноември и декември 2020 година беа одржани состаноци на координаторите на училиштата од земјите партнери, на кои редовно учествува и координаторот на нашето училиште Јасминка Костадиновска. Наставници кои се пријавија на огласот за учество на овој проект се  – Светлана Здравеска, Тања Атанасова, Марина Спасовска, Светланка Арсеновска, Љубица Јовановска, Елида Мелова и Филип Ристески. Во текот на првото полугодие беа реализирани неколку активности и тоа –

– избор на детска песна на македонски јазик со тема мир и другарство „ Дајте раце“ – Златно Славејче 2004,

– изработивме предлог  лого за проектот,

– видео преку кое го претставивме  нашето училиште

– Pоwer point презентација на нашето училиште

 

Во декември учениците изработуваа Новогодишни и Божиќни честитки, картички, видеа  кои  беа споделени со останатите земји учеснички на проектот  на Е-твининг платформата.

Сите активности се реализираа онлајн на е-Твининг платформата на која наставничките редовно работеа.

Во следниот период следуваа активности според напатствија на координаторот на проектот.

 

јануари 2021

  • Формирање на WhatsApp група со сите учесници од сите земји вклучени во проектот.
  • Училишен конкурс за изработка на лого за проектот.
  • Учество на видео конференција со сите учесници во проектот.
  • Изработка на промотивно видео за училиштето и градот Скопје.
  • Избор на детска песна со тема другарство и мир.
  • Изработка на Новогодишни и Божиќни честитки и објавување на е-Твининг проектот.
  • Онлајн состанкот со учесниците во проектот и распределба на задачи на е-Твининг.

 

Февруари и март 2021

  • Спроведување на прашалник и оценување на резултатите од прашалникот за да се утврди нивото на подготвеност на наставниците за стекнување на „Социјално Сензорни Вештини за Учење“
  • Спроведување на активностите на платформата е-Твининг
  • Учество на видео конференција со сите учесници во проектот
  • Прикачување на проекти на Facebook фан страната
  • Спроведување на прашалник и оценување на резултатите на учениците од прашалникот

 

април 2021

 

  • Спроведување на активностите на платформата е-Твининг
  • Прикачување на проекти на Facebook фан страната

 

Мај и јуни 2021

  • Спроведување на активностите на платформата е-Твининг
  • Прикачување на проекти на Facebook фан страната
  • Онлајн состанок со учениците кои учестуваат во проектот
  • Изработка на Еразмус катче и поставување на банер во холот на училиштето

 

 

 

 

 

 

 

Изработени се брошури и банер како рекламен материјал за проектот. Исто така беше изработено и пано на кое што беа изложени активностите сработени од страна на учениците учесници во проектот.

ООУ ,, Љубен Лапе “ е партнер училиште во Еразмус + проект од КА 229  со наслов ,,Животот е обоен со нови информации – „The Life is colored with New Information“ со наставници и ученици од 1 – 5 одделение.

Целта на овој проект е развивање на социо-емоционални вештини на учење кај ученици од 6 – 12   години.  Координатор на проектот е училиштето од Трабзон , Туција ,,Ortahisar Ugurlu Ilkokulu”,  а останати партнер училишта се ,, Klaipedos Maksimo Gorkio progimnazija  од Литванија, Direzione Didattica “Iii Circolo Baldo Bonsignore” од Италија, Nef Ilkokulu од Истанбул  Труција, и Scoala Gimnaziala Sfantul Andrei од Романија

 Времетраењето на проектот е 24 месеци, планирани се 5 мобилности.

Проектот започна со активности од ноември 2020 година.

Дел од цели и очекувани исходи од проектот се:

  • Со драматизација учениците ќе учат за животот, ќе развиваат чувство за емпатија, ќе го намалат меѓуврсничкото насилство
  • Ќе развиваат нови методи за подобрување на основните вештини за живот, меѓукултурна интеракција и учење на јазик
  • Ќе им овозможи на учениците да постигнат социјална адаптација и да ги заштитат универзалните вредности преку нивниот социјален развој, препознавање на различни верувања , вредности и стилови на живот.