1 х КА101

-Kлучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности

 

Добиен грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за
аплицирање Еразмус + Програмата за клучна акција КА101 Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови
од програмата Еразмус+ на Европската комисија и  Нашето училиште се најде на листата
на одобрени проекти за училишно образование .
Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за
индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната
свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и
меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за
интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на
нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и
компетенции.

Во рамки на одобрениот проектот под наслов „Социјалните медиуми во училиницата и
превенција на меѓуврсничко насилство” (Social Media in the Classroom and Prevention of
Bullying), планирана е посета на два вида обуки и тоа :
– Дигитални медиуми : училница на иднината (Digital media:the classroom of the future),
– ,,Прифаќање на различитоста, спречување на малтретирање и насилство”(‘’Embracing
Diversity, Preventing bullying and violence”)
Кои имаат за цел:
– Споделување на информации од колеги / експерти во контекс на употреба на
социјалните медиуми во училницата како и спречување на малтретирање во
училиштето
– Можност за споделување искуства со учесниците на курсот (учење едни од други)
– Можност да се споредат различните училишни системи и практики, исходи , визии за
употреба на различни методи, стратегии, алатки во образованието во ЕУ
– Можност за спроведување на заеднички проекти
– Работа на конкретни интелектуални резултати во група