Третиот проект од КА 229 Еразмус + e ,, СиСТЕМ на води “ каде координатор е Велика Британија а покрај нашето училиште други партнер училишта се Италија, Унгарија и Турција.

Во изминатиот период се одржаа онлајн состаноци со координаторите. Беа договорени активности кои ќе се спроведуваат во училиштето, како и на платформата етвининг.

На онлајн состанокот на 21 септември 2021 година беше договорено

-учениците да изработат дигитално лого за проектот

-да се отвори етвининг проект на платформата со ист наслов како и проектот – SySTEM of Water 2020, каде наставничката Јасминка Костадиновска од нашето училиште ООУ Љубен Лапе Скопје,  и Rita Szekeresné BereczkiEötvös József Általános Iskola és Alapfokú Művészetoktatási Intézmény, Hajdúböszörmény Hungary заеднички го отворија проектот.

– се уреди ЕРАЗМУС катче за проектот

– на етвининг проектот се гласаше онлајн и учениците изгласаа лого

Исто така се спроведоа и следниве активности

  • Учениците пишуваа есеи за значењето на водата
  • Изработуваа презентации за значењето на водата
  • Изработија постери за значењето на водата
  • Изработија Новогодишни и Божиќни честитки и беа испратени по пошта

Банерот на проектот беше изложен во холот на училиштето до Еразмус катчето.

Во следниот период, доколку дозволува ситуацијата со пандемијата со КОВИД19, ќе се реализираат мобилности.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com