Химна на училиштето

За нашето училиште,
Љубен Лапе име што му е,
денес песна ние пееме,
со него се гордееме

Нашето училиште
денес празник празнува,
нашето училиште,
на успеси се радува.

Ученици, наставници
ќе го слават многу генерации,
Љубен Лапе историчарот,
Љубен Лапе просветителот

Нашето училиште
денес празник празнува,
нашето училиште,
на успеси се радува.