19.04.2023
Минатата недела во 3² одделение реализиравме отворен час, во соработка со родителка од одделението која има мошне интересна професија. Г-ѓа Јулија Карамитрова Огненоска е музичар, односно Професор по музика
Часот по музичко образование беше интегриран со часот по општество и часот по македонски јазик
Во присуство на Психологот на училиштето учениците учеа за нашата традиција и културното наследство – за нашите традиционални ора, песни и музички инструменти
Учениците беа презадоволни и заедно со своите наставнички Катерина Тасевска и Валентина Вангеловска реализираа прекрасен интерактивен час
Како училиште изразуваме голема благодарност до Професорката – за одвоеното време, посветеноста и прекрасната соработка и уште еднаш ја истакнуваме нашата успешна соработка со родителите и заедницата, воопшто
#collaboration#Synergy