Патронот на училиштето е македонскиот историчар Љубен Лапе кој остава длабоки траги со својата научна, истражувачка и авторска работа во областа на историјата, пред се македонското историско минато.

Роден е во Прилеп на 11 октомври 1910 година. Основно образование завршил во Прилеп, а матура во Битола. Во 1936 година дипломирал на групата Општа историја на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1936-1940 година работел како наставник во Трговско-занаетчиското училиште во Прилеп, од 1940-1944 година, со прекини, е професор во Подгорица, Струмица, Елхово и Панаѓуриште. Потоа работел како помошник министер за просвета на НРМ, а од 1946 година работел како професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Љубен Лапе – „Македонскиот Херодот“ или „Таткото на македонската историја“ – како што го нарекувале студентите, е основоположник на Филозофскиот факултет, Архивот на Македонија, Друштвото на историчарите и други институции. Добитник е на високи републички признанија и награди и целиот свој живот се грижи за збогатување на историскиот книжен и архивски фонд. Од 1976 бил редовен член на МАНУ.

Починал во Скопје на 24 ноември 1985 година.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com