Основното училиште „Љубен Лапе” се наоѓа во општина Аеродром, населба Јане Сандански, кои се дел од градот Скопје. Основната дејност на училиштето е реализација на воспитно - образовен процес. Наставата се одвива во смени, а се реализира и настава со продолжен престој од I—IV одделение. Училиштето е вклучено во многу проекти, при што наставниците и учениците ги усовршуваат своите знаења и компетенции. Учениците на натпреварите на Општинско, Градско, Републичко и Меѓународно ниво покажуваат огромни успеси.
Наставата во училиштето се одвива во објект од тврда градба и наполно одговара на барањата за изведување на современата настава. Училиштето располага со спортска сала, надворешен спортски тере, простран училишен двор кој е пристојно уреден со тревници, клупи, корпи за отпадоци. Опременоста на училиштето според критериумите и нормативите ги задоволува условите за изведување воспитно - образовниот процес. Во училиштето наставата се изведува во училници, кабинети, спортска сала и училишен двор. Покрај нив на располагање на учениците се библиотека, читална и други помошни простории. Училиштето располага со разновидна стручна литература и наставни средства и помагала согласно со нормативите по сите наставни предмети. Училиштето ги утврдува потребите за наставни средства и помагала, вклучувајќи книги, материјали за практична работа, аудио-визуелна и ИКТ опрема, и континуирано ги обновува за да соодветствуваат на современите наставни текови.
Одличен кадар, мотивирани ученици и партиципативни семејства кои работат заедно за да обезбедат квалитетно образование, што ќе го направи ОУ Љубен Лапе водечко училиште, во кое другите училишта ќе гледаат модел.