Краток историјат за училиштето

На 27.6.1986 година започнува со работа основното училиштето „Видое Смилевски – Бато”, кое на 23.6.1993 година е преименувано во основно училиште „ Љубен Лапе”.

Основното  општинско училиште „Љубен Лапе” се наоѓа во општина Аеродром, населба Јане Сандански, кои се дел од градот Скопје. Во минатото, на местото на денешната општина, била мочурлива почва на која подоцна се изградил првиот спортски и воен аеродром во Македонија, па затоа и општината го носи тоа име. Со прелоцирање на аеродромот на друга локација на истото место постепено се формира урбана средина која е дел од градот и станува една од општините со најголем број на жители во нашата држава.Поради изградбата на многу стамбени објекти, но пред сѐ, поради квалитетот на училиштето кој е докажан преку постигнатите резултатина учениците, секоја учебна година во училиштето се запишуваат сѐ поголем број на ученици. Оваа учебна 2020/2021 година во училиштето наставата ја следат 1184 ученици распоредени во 42 паралелки. Наставата се одвива во две смени, а се реализира и настава со продолжен престој.

Во училиштето покрај одделенски и предметни наставници, работат  и педагог, психолог и специјален едукатор и рехабилитатор (дефектолог), кои заедно целосно се вклучени во процесот на настава и воннаставни активности.

Адреса

ул. “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

Електронска адреса

ljuben_lape@yahoo.com

Контакт телефон

+38902/24-50-220

Од основањето до денес со училиштето раководеле повеќе директори:

  • Мирко Србиновски  од 1986 г. до 1987г.
  • Јованка Стојковска од 1987 г. до 1999 г.
  • Благица Андреевска од 1999 г. до 2003 г.
  • Милка Темелкоска од 2003 г. до 2008 г.
  • Благица Андреевска од 2008 г. до 2009 г.
  • Јулијана Николиќ од 2009 г. до 2012 г.
  • в.д. Марјана Панчевска од  2012 г. до  2012 г.
  • Вангелина Секулоска од 2012 г. до 2015 г.
  • в.д. Менка Стојановска од 2015 г. до 2015 .г
  • Елизабета Најдова од 2015 г. до  2019 г.
  • в.д. Марјана Панчевска од 2019 г. до 2019 г.
  • в.д. Викторија Пауноска од 2019 до 2019 г.
  • Марјана Панчевска од 11.12.2019  до 2022 г.
  • Сања Стојанова од 03.02.2022 г.

Химна на училиштето

За нашето училиште, Љубен Лапе име што му е, денес песна ние пееме, со него се гордееме

Нашето училиште денес празник празнува, нашето училиште, на успеси се радува.

Ученици, наставници ќе го слават многу генерации, Љубен Лапе историчарот, Љубен Лапе просветителот

Нашето училиште денес празник празнува, нашето училиште, на успеси се радува.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

ljuben_lape@yahoo.com